Вести Македонија Ударни вести

Финската премиерка Сана Марин во посета на Скопје

Сподели:

 

Денеска, претседателката на Владата на Република Финска, Сана Марин ќе пристигне во еднодневна посета на нашата земја.

Премиерката Марин и делегацијата на финската влада на платото пред Владата на Република Северна Македонија ќе ги пречека премиерот Димитар Ковачевски. 

Според агендата, после пречекот, премиерот Ковачевски и премиерката Марин ќе имаат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатералната средба на членовите на двете делегации.

Посетата на премиерката Марин ќе заврши со заедничка прес-конференција со претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски.

Сподели: