FLUX Gallery: 65. Изложба на Стефан Хаџи-Николов

Сподели

FLUX Gallery, Изложба Стефан Хаџи-Николов, 19. април – 03.мај
Јубилејна 65-та самостојна ликовна изложба на реномираниот автор Стефан Хаџи Николов, добитник на многубројни награди и признанија во нашата држава и пошироко, помеѓу кои и престижната Државна награда „23 октомври“ за долгогодишни остварувања за Република Македонија во областа на културата и уметноста.
Стефан Хаџи-Николов e роден 1955 година во Скопје. Педагошка Академија група ликовно воспитување завршил 1975 година во Скопје.  Член на ДЛУМ од 1984 година.