(ФОТО) Дојде да навива против Новак на Вимблдон – Се забавуваше со НБА играч, па му се смешкаше на Алкараз!

Сподели

Loading

Оваа година на Вимблдон се појавија многу познати личности, но се чини дека никој не предизвика толку внимание на трибините како Шакира.

фото: Getty Images

Таа се појави само еден ден откако повторно беше видена во Лондон во друштво на Џими Батлер, а по вечерата со НБА кошаркарот, Колумбијката се упати кон Централниот терен.

Таа го гледала натпреварот помеѓу Карлос Алкараз и Медведев и била презадоволна од она што го видела!

Првиот светски рекет полесно од очекувањата го совлада Русинот и се пласираше во финалето кое го играше против Новак, а се претпоставуваше дека и на тој меч ќе се појави и ќе навива против србинот!

Популарната пејачка не крие дека ѝ се допаѓа младиот Алкараз и заедно со другарките во ложата бурно ги прославуваше неговите поени и се насмевна додека натпреварот одеше во насоката во која таа сакаше. 

Вниманието го привлече со интересен аутфит во форма на фармерки, бидејќи носеше „оверсајз“ модел на брендот „Mo5sh1no“, сето тоа со сини очила за сонце кои беа можеби највпечатливиот детаљ од аутфитот.

The post (ФОТО) Дојде да навива против Новак на Вимблдон – Се забавуваше со НБА играч, па му се смешкаше на Алкараз! first appeared on .

Powered by WPeMatico