Спорт

(ФОТО) Кој има најголеми, а кој најмали шанси за освојување на ЛШ оваа година – Ќе ве шокираат процентите!

Сподели:

Loading

Во петокот во Нион беше одржана ждрепката за четвртфиналето на Лигата на шампионите за оваа сезона.

Најинтересно ќе биде во дуелите меѓу Манчестер Сити и Баерн Минхен, како и Реал Мадрид и Челзи, но изобилство ќе има и на преостанатите дуели помеѓу Милан и Наполи, како и Бенфика и Интер.

Веќе започнаа шпекулациите за тоа кој би можел да ја освои Лигата на шампионите, а „FiveThirtyEight“ анализираше кој има најголеми шанси да го освои престижниот пехар.

Според нив, тоа е Манчестер Сити на Гвардиола, кому му се даваат 28% шанси за првпат да стане европски шампион, а веднаш зад „Граѓаните“ со 18% е нивниот четвртфинален ривал Баерн Минхен.

Она што е интересно е дека Наполи е на третото место со 17%, додека бранителот на титулата Реал Мадрид е само на четвртата позиција со 13% од шансите за освојување на Лигата на шампиони.

Бенфика оваа сезона игра одлично во сите натпреварувања, па моментално е петти најголем фаворит во елитното натпреварување со 10% шанси, додека Интер е шести со 6%.

Најмали шанси за освојување на Лигата на шампионите имаат Челзи (5%) и Милан со (3%).

За потсетување, првите мечеви од четвртфиналето се закажани за 11 и 12 април, а реваншите се закажани за 18 и 19 април.

The post (ФОТО) Кој има најголеми, а кој најмали шанси за освојување на ЛШ оваа година – Ќе ве шокираат процентите! first appeared on .

Powered by WPeMatico

Сподели: