„Не се курчи!”- станд ап комеди шоу на Надица Петрова

Сподели

 

На 22. март во Јавна соба со почеток од 21 часот, ја имаме Надица Петрова и станд ап комеди шоуто „Не се курчи!”
 
„Таа е една обична женска особа која уште од мали нозе ја учи најтешката животна лекција, лекцијата за курчењето. Иако знае дека не треба да се курчи, бидејќи искуството и покажало дека курчот секогаш резултира со заеб, таа ни кажува дека не е толку лесно човек да се излечи од навлеченоста на курчењето.“
 
Билетите се по цена од 300 денари и се купуваат онлајн преку продажната мрежа на Златен заб, на линкот: https://rb.gy/znzp2m
Можете да си направите резервација преку Viber на 078/828-518