(ФОТО) Легендарниот боксерски шампион ни ги откри стравичните детали од кражбата – Му земаа мини богатство на улица!
Posted onAuthorКоментарите се исклучени на (ФОТО) Легендарниот боксерски шампион ни ги откри стравичните детали од кражбата – Му земаа мини богатство на улица!
Сподели:
Поранешниот боксерски шампион Амир Кан минатата година беше ограбен на улица во источен Лондон.
Кан се шетал со сопругата кога го нападнале вооружени разбојници. Му впериле пиштол во главата и го замолиле да го симне скапиот часовник што го носел.
Во интервју за англиските медиуми, Кан ги раскажа деталите за ужасот што го доживеал тој ден.
“Тоа беше прв пат некој да ми впери пиштол во лицето. Во истиот момент бев во состојба на шок. Не можев да го погледнам пиштолот, ги свртев очите. Бев многу исплашен. Имам три деца, сопругата беше до мене“, вели Кан и додава:
“Јас сум спортист, борец. Често сум се наоѓал во тешки ситуации во рингот и сум се борел. Ова беше нешто сосема друго и страшно”, признал Боксерот.
Кан откри дека неговата сопруга врескала и плачела и дека не го видел лицето на напаѓачот.
“Кога рече дека сака часовник, веднаш му го дадов. Кога некој ќе ти впери пиштол во лице, мислиш дека ќе пука. Потоа ги видов како бегаат. Потоа почнаа да се собираат луѓе, па се чувствував малку побезбедно.“ , ја пренесува „Сан“ исповедта на познатиот боксер.
Од Кан е украден часовник од розово злато, обложен со 719 дијаманти, вреден повеќе од 85.000 евра.
Кан (35) го освои олимпиското сребро за Велика Британија во 2004 година како 17-годишник.
Тој исто така беше светски шампион во бокс, откако ја освои титулата на ВБА во полутешка категорија.
Во изјава за „Fedeaway World“ поранешниот НБА кошаркар Чарлс Баркли изјави дека неговиот прв агент му украл голема сума пари. фото:Profimedia „Мислам дека ме измами за околу 100 милиони долари. Мојот прв агент беше измамник. Ми ги украде парите. Не сакам да го кажам неговото име, ми ги украде сите пари. И како резултат на сето […]
Неговата сопруга Корина сите овие години се бори да му помогне на големиот шампион да закрепне. Во декември 2019 година, Корина Шумахер испрати мистериозна порака. Таа рече дека големите работи почнуваат со мали чекори, а тоа е пораката која медиумите ја протолкуваа како информација за здравјето на нејзиниот сопруг. Животот на семејството Шумахер засекогаш се […]
Македонските репрезентативци продолжуваат со припремите за првиот меч од ЕП против Австрија. Tимот утрово тренираше на стадионот на Стеауа и продолжи да се подготвува за дебитантскиот настап на Европското првенство.