ВИДЕО: Џоковиќ испиша нова историја во Париз – Го направи тоа што на никој не му појде од рака!

Сподели

Најдобриот тенисер на светот по шести пат во кариерата го освои Мастерсот 1000 во Париз по голема борба во финалето против Медведев со 2-1 во сетови 4-6, 6-3 и 6-3.

ФОТО:Profimedia

Новак Џоковиќ со освојувањето на турнирот во Париз го направи она што никој досега не го направил, а прашање е дали некој од тенисерите ќе може да го повтори успехот на Новак во иднина.

Имено, најдобриот светски тенисер ја освои 37-та титула од серијата мастерс 1000 и со тоа се одвои од Рафаел Надал кој остана на 36 трофеи.

Двајцата апсолутно доминираа, а третопласираниот Роџер Федерер има 28 мастерс титули.

Да потсетиме, Новак уште пред почетокот на финалето испиша историја.

Со победата во полуфиналето против Хумберт Хуркач, Џоковиќ го обезбеди првото место до крајот на 2021 година, а ова е седми пат годината да ја заврши како најдобар во светот, што го надмина својот идол од детството, Пит Сампрас.

 

The post ВИДЕО: Џоковиќ испиша нова историја во Париз – Го направи тоа што на никој не му појде од рака! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico