Спорт

(ФОТО) Навивачите на Јунајтед во шок! – Албанец доаѓа на голот на ,,Црвените Ѓаволи,,!

Сподели:

Томаш Стракоша е многу блиску и официјално да стане нов играч на Манчестер Јунајтед.

фото: Fabrizio Corradetti / LaPresse

Иако се споменуваше дека Томаш Стракоша ќе му стане нов соиграч на Александар Митровиќ во Фулам, тој ќе стане засилување на Ерик тен Хаг и конкуренција на Давид де Геа!

Медиумите на Островот пишуваат дека Манчестер Јунајтед практично го комплетирал доаѓањето на поранешниот голман на Лацио на „Олд Трафорд“.

Стракоша, е роден во Атина, а неодамна му истече договорот со римскиот тим.

Овој 27-годишен голман на албанската репрезентација така ќе пристигне во Јунајтед и ќе му стане конкуренција на Де Хеа, откако „црвените ѓаволи“ го пуштија Дин Хендерсон на позајмица во Нотингем Форест.

Така Стракоша нема да заврши во Фулам, таму треба да оди Бернд Лено, поранешниот голман на Арсенал.

Еве едно неочекувано засилување во Јунајтед, додека сите навивачи се загрижени што ќе биде со Кристијано Роналдо, кој би сакал да си замине од „Олд Трафорд“…

The post (ФОТО) Навивачите на Јунајтед во шок! – Албанец доаѓа на голот на ,,Црвените Ѓаволи,,! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: