(ФОТО) Навивачите шокирани од изгледот на Иниеста – Човеку дали имаш 100 години?!

Сподели

АНДРЕС ИНИЕСТА, 38-годишната легенда на Барселона и шпанската репрезентација, веќе четири сезони игра на Далечниот Исток.

Јапонскиот Висел Коби е единствениот клуб покрај Блауграна кој ја имаше честа неговиот дрес да го носи еден од најголемите играчи од средниот ред во историјата на фудбалот.

Иниеста го освои пехарот и суперкупот во Земјата на изгрејсонцето и ја збогати и онака огромната трофејна сала.

Сепак, фотографијата што ја објави на социјалните мрежи стана хит не поради неговата умешност, туку поради неговиот изглед.

Шпанската легенда објави фотографија на која изгледа многу постаро од неговата реална возраст. Има помалку коса, бел е и има многу позабележителни старосни црти на лицето.

Ваквиот изглед ги шокираше неговите фанови. Еден напишал: „Човеку, имаш ли 100 години?“ Додека друг тврдел дека ќе изгледал помлад да не бил професионален фудбалер.

Некои бараат негово враќање во Барселона бидејќи, како што велат, сепак е подобар од сите нејзини играчи од средниот ред.

Неговиот договор со Кобе трае до 31 јануари 2024 година.

The post (ФОТО) Навивачите шокирани од изгледот на Иниеста – Човеку дали имаш 100 години?! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico