Кутињо не мрда никаде – Ливерпул ја одби последната понуда на Барселона (фото)

Сподели

Премиерлигашот Ливерпул ја одби понудата од 100 милиони евра што Барселона ја понуди за бразилецот Фелипе Кутињо.

Ливерпул вторпат ја одбива понудата на Барселона откако пред десетина дена „црвените“ не прифатија 85 милиони евра од каталонците.

Клубот од „Енфилд“ се огласи откако каталонските медиуми објавија дека Барселона ги завршила работите за трансферот на Кутињо и дека играчот утре ќе биде преставен на „Ноу Камп“.

Барселона бара адекватна замена за Нејмар, кој замина во ПСЖ за рекорден трансфер од 222 милиона евра.

The post Кутињо не мрда никаде – Ливерпул ја одби последната понуда на Барселона (фото) appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico