(ФОТО) Сериозни здравствени проблеми за Мајк Тајсон – Сега се појави во инвалидска количка!

Сподели

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, Мајк Тајсон (56) има здравствени проблеми, кои му го отежнуваат движењето.

По неговата шокантна изјава „дека е свесен дека наскоро ќе умре“, Тајсон се појави во инвалидска количка на аеродромот во Мајами, па фановите ширум светот сериозно се загрижија за славниот спортист.

Тајсон веќе подолго време има сериозни проблеми со ишијас. Тој претходно откри дека токму поради болки во грбот решил да ја заврши кариерата, а во 2020 година помина неколку недели затворен во кревет поради проблеми со грбот.

На почетокот на месецот се појавија фотографии на кои познатиот боксер се шета со помош на бастун, а сега заврши во инвалидска количка, што значи дека неговата здравствена состојба, за жал, за краток период се влошила.

The post (ФОТО) Сериозни здравствени проблеми за Мајк Тајсон – Сега се појави во инвалидска количка! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico