Копа Америка 2016: Бразил елиминиран од Перу, Еквадор го уништи Хаити!

Сподели

Во третото коло на Копа Америка, во групата Б, Перу го победи Бразил и го елиминираше од натпреварувањето, а пласман во четврт-финалето обезбеди и Еквадор по победата над Хаити со 4-0.

бразил-перу

Бразилците мораа да имаат позитивен резултат против Перу, но не успеаја во тоа.

Натпреварувањето го завршија во групната фаза, бидејќи Перу победи со резултат од 1-0, а голот во 75-тата минута го постигна Руидиаз.

Сепак, по примениот гол следуваа бура протести од Бразилците, бидејќи репрезентативецот го постигна голот со рака, а судиите не го видоа тоа.

перу рака

Голот беше признат, Перу се пласираше во четвртфиналето додека Бразилците го завршија натпреварувањето.

Перу оди во следната фаза како првопласиран тим од Б групата.

еквадор-панама

Во вториот натпревар од оваа група Еквадор со 4-0 го победи Хаити и заедно со Перу изборија место во четвртфиналето на Копа Америка.

Последното 3.коло се игра и во групата Ц каде се среќаваат Мексико-Венецуела во борба за првото место и Уругвај-Јамајка.

The post Копа Америка 2016: Бразил елиминиран од Перу, Еквадор го уништи Хаити! appeared first on Спорти.


Source: Sporty

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *