(ФОТО) Синот на Џордан и бившата на Пипен очекуваат дете – Наскоро почнуваат да снимаат Ријалити!

Сподели

Loading

Ларса Пипен, поранешна сопруга на НБА ѕвездата Скоти Пипен и Маркус Џордан, синот на легендарниот Мајкл Џордан се атракција во САД.

фото: Printskrin/Instagram

Двајцата за една година се главна атракција низ таблоидите во САД. Иако разликата во години е голема, и двајцата тврдат дека љубовта нема граници.

Среќната двојка одлучи наскоро да добие бебе. Според порталот „Media Break Out“, Маркус посетил лекар и центар за неплодност за да добие проценки за нивните шанси да основаат свое семејство.

Ларса има 48 години, но според непотврдени информации, има доволно јајца за да има успешна бременост. Маркус е помлад од неа 16 години и има 32 лета.

Ларса и Маркус прв пат се најдова на насловните страници во медиумите кога беа забележани заедно минатата година. Тогаш тие негираа врска и многумина претпоставуваа дека тоа е премногу лудо за да биде вистинито.

Сепак, тие подоцна одлучија да не ја кријат својата врска повеќе. Тие честопати излегуваат во јавноста заедно, а исто така објавуваат фотографии на социјалните мрежи.

Добија понуда и да бидат ѕвезди на Ријалити програмата што ќе го следи нивниот живот, а со тоа и можната бременост и раѓањето на дете.

Мајкл Џордан и Скоти Пипен не ја коментираа оваа врска, а Ларса еднаш на ТВ, кажа како нејзиниот поранешен сопруг ја гледа нејзината нова љубов.

,,Не можам да објаснам како се чувствува некој друг. Како што се чувствува Скоти … тој има право да се чувствува како сака. Јас лично не се грижам за другите луѓе … Среќна сум. Маркус и јас се согласуваме.

https://www.instagram.com/p/CoK2DXHuG59/?utm_source=ig_embed&ig_rid=d9f75842-bbce-4c90-80bc-0e60f34352e7

Скоти и Ларса Пипен не живеат заедно од 2016 година, тие официјално се разведоа во 2021 година. Имаат две деца, синот Џастин и ќерката Софија.

Пред врската со Ларса, Скоти има уште пет деца.

The post (ФОТО) Синот на Џордан и бившата на Пипен очекуваат дете – Наскоро почнуваат да снимаат Ријалити! first appeared on .

Powered by WPeMatico