Спорт

(ВИДЕО) Куче прекина натпревар и направи шоу на теренот – Редарите немоќни!

Сподели:

Се случува и тоа, куче за момент го прекина пријателскиот фудбалски натпревар помеѓу Чиле и Венецуела во женска конкуренција.

фото: TWITTER/BRFOOTBALL/PRINTSCREEN

Истрча на теренот во 36. минута и приреди вистинско шоу. Додека чуварите брзаа да го отстранат од теренот, кучето трчаше по тревата и отиде кај фудбалерките да си поигра со нив.

Така беа видени одлични сцени каде девојките решија малку да си поиграат со него и на тој начин да му ги исполнат желбите.

Сето тоа траеше неколку минути додека Чилеаката Хавиер Торо не ги презеде работите во свои раце, го зеде и го извади кучето од теренот.

Што се однесува до натпреварот, победата ја однесе Венецуела со 1-0 со голот на Маријана Спекмаер во 82. минута.

 

The post (ВИДЕО) Куче прекина натпревар и направи шоу на теренот – Редарите немоќни! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: