(ФОТО) Слика која ги потресе навивачите на Новак – Што се случи со неговата рака?

Сподели

На социјалните мрежи се појави фотографија која многу ги загрижи фановите на Новак Џоковиќ.

фото: Starsport

Новак се фотографираше со навивачка, а на сликата јасно се гледа дека неговата лева рака е во завој, па постои страв дека српскиот ас е повреден.

„Што се случува со Новак, дали има скршеница, се надевам дека е добро“, напиша еден загрижен фан на Твитер.

Сè уште не се знае дали фотографијата е направена сега или некој намерно сакал да направи врева на социјалните мрежи со фотографија од архивата.

Да потсетиме, Новак се пријави за учество на турнирот во Тел Авив кој започнува на 26 септември.

The post (ФОТО) Слика која ги потресе навивачите на Новак – Што се случи со неговата рака? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico