Шаховскиот клуб „Алкалоид“ станува препознатливо име и бренд на европската шаховска мапа

Сподели

 

Како компанија која во сржта на своето работење длабоко ги има втемелено вредностите за тимска работа и за здрав, компетитивен дух, „Алкалоид“ неминовно е поврзан и со спортот.
 
 
 
 
Шаховскиот клуб „Алкалоид“ е формиран во 1976 година, а оттогаш клубот станува препознатливо име и бренд на европската шаховска мапа. Во 2016 година клубот го оствари најголемиот успех во својата историја со победата на Европскиот клупски куп и ја понесе титулата европски шампион!
 
Во меѓувреме, „Алкалоид“ постојано го помага спортот во земјава преку спонзорства, бидејќи веруваме дека спортот е неизоставен дел од здравиот начин на живот.
 
Најновиот чекор што го презеде нашата компанија во оваа насока е основањето на Ракометниот клуб „Алкалоид“, формиран во јули 2021 година. Партнер на клубот е Кирил Лазаров со својот светски познат бренд „КЛ7“, а историјата на клубот допрва ќе се испишува.