ФОТО: Вредело да се чува: Оваа картичка со автограм од дебитантската сезона на Серена Вилијамс собори рекорд!

Сподели

Потпишана дебитантска картичка на американската тенисерка Серена Вилијамс од 2003 година стана најскапата женска спортска картичка.

Серена Вилијамс

Картичката е продадена на аукција за 44.280 долари, објавија американските медиуми.

Претходниот рекорд изнесуваше 34.440 долари, картичка од дебитантската сезона на поранешната американска фудбалерка Ми Хем продадена во Јуни.

Картичката на Серена Вилијамс ја купи платформата Alt во име на приватен клиент.

Четириесетгодишната Вилијамс нема играно од август, откако се повреди за време на турнирот Вимблдон. Таа најави враќање следната година и уште еден обид да стигне до рекордната 24-та Грен слем титула.

The post ФОТО: Вредело да се чува: Оваа картичка со автограм од дебитантската сезона на Серена Вилијамс собори рекорд! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico