Спорт

Куман конечно доби отказ, но ги наполни џебовите – Колку пари ќе добие и кој ќе го смени на клупата?

Сподели:

Холандскиот фудбалски стручњак Роналд Куман доби отказ во Барселона по поразот од Рајо Ваљекано, но исто таак доби и сериозна сума на пари.

куман

Поразот е капка која ја прели чашата. Барселона повторно потфрли, се лизна на очајното 9. место на табелата, а Холанѓанецот беше сменет од тренерската позиција поради слабите резултати.

Клубот го одложи отказот поради огромното обештетување кое го следи Куман поради отказот, но едноставно повеќе не издржаа. Според Мундо Депортиво, Куман ќе добие астрономска оштета, по што ќе следуваат неверојатни 12 милиони евра.

Се чини дека отказот не е толку лоша работа …

Како главен кандидат за преземање на функцијата тренер се споменува поранешниот играч на Барселона и актуелен тренер на катарскиот Ал Сад, Чави Ернандез.

The post Куман конечно доби отказ, но ги наполни џебовите – Колку пари ќе добие и кој ќе го смени на клупата? appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: