Спорт

(ФОТО) Запознајте ја мајката на Ана Ивановиќ – Таа е жената од која ја наследи убавината!

Сподели:

Некогаш најдобрата тенисерка на светот, Ана Ивановиќ Швајнштајгер е копија на нејзината мајка Драгана.

фото: Profimedia

Таа ја наследи својата беспрекорна убавина, витко згодно тело и заносна насмевка од нејзината мајка Драгана, на која и го честиташе „Светскиот ден на мајката“.

,,Среќен меѓународен ден на мајката на мојата најдобра мајка и најдобра пријателка која секогаш ме инспирира“, напиша Ана на социјалните мрежи.

Инаку, поранешната тенисерка редовно прикачува фотографии со мајка си на социјалните мрежи.

Ана никогаш не криела дека нејзината мајка и е огромна поддршка за се во животот.

Поранешната тенисерка често истакнувала дека во текот на кариерата кога активно се занимавала со тенисот, нејзината мајка и била најголема поддршка.

Гордата баба ја користи секоја прилика да ја најде својата ќерка и да и помогне да ги подигне двата сина, а тоа го цени и Ана.

The post (ФОТО) Запознајте ја мајката на Ана Ивановиќ – Таа е жената од која ја наследи убавината! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico

Сподели: