Ракометна Македонија ги дозна противниците во баражите за пласман на СП 2023 година!

Сподели
 

 

Во Будимпешта денеска со ждрепка беа извлечени двојките за бараж дуелите кои Македонија треба да ги игра за пласман на СП 2023.

Поради лошиот пласман на ЕП 2022, Македонија ќе мора да одигра два бараж дуела за да избори пласман на ракометниот Мундијал следната година.

Ждрепката сакаше во првиот бараж дуел да ги вкрстиме копјата со Романија, а натпреварите се играат меѓу 14 и 20 март.

Доколку ја минеме Романија во двомечот, во вториот бараж ќе играме со добро познат противник кој ни е должник од претходните баражи, репрезентацијата на Чешка.

Вторите баражи на програмата се на 11 и 17 април.

За потсетување, Македонија минатата година играше на СП во Египет токму благодарение на Чешка која го откажа настапот поради пандемијата.

Инаку со Чешка имам скор од 4 победи, 5 порази и 2 нерешени средби, а со нив игравме во квалификациите за ЕП 2020, за ЕП 2018, за ЕП 2016, како и бараж за СП 2017.

The post Ракометна Македонија ги дозна противниците во баражите за пласман на СП 2023 година! appeared first on Спорти.

Powered by WPeMatico