Вести

Франција ги забрани утрешните синдикални протести

Сподели:

pariz-protesti1

Франција ги забрани утрешните синдикални демонстрации во Париз против реформите во законот за труд, стравувајќи од насилство како на претходните протести.

Ова е прва забрана на синдикални протести во Франција во изминатите неколку децении.

Денешната одлука е донесена затоа што седум синдикати, организатори на протести, одбија да прифатат протестот да биде статично собирање што полицијата полесно ќе може да го контролира.

Париската полиција соопшти дека смета дека нема избор освен сосема да го забрани собирот.

На ова реагираа синдикалните лидери Жан Клод Мајл и Филип Мартинез, кои побараа итен состанок со министерот за внатрешни работи, Бернар Казнев.

Синдикатите повеќе од три месеци протестираат против најавените владини реформи во законот за труд, со кои, меѓу другото, се предвидуваат отпуштања иако невработеноста во Франција е висока.

Покрај демонстрациите, синдикатите уште претходно најавија дека ќе организираат и протестен марш на 28 јуни во Париз.

http://meta.mk/frantsija-gi-zabrani-utreshnite-sindikalni-protesti/

Сподели: