Одлука за поништување на преостанатите одлуки за помилување, дека тоа дека тоа ќе придонесе за национално помирување и ќе понуди излез од политичката криза во Република Македонија.
Иванов мора да знае дека до национално помирување и излез од кризата единствено може да дојде доколку 1). тој и неговите партиски ментори итно си поднесат оставка, 2). доколку надлежните институции поведат постапка за негова кривична и материјална одговорност и 3) доколку несметано продолжи работата на СЈО.
Иванов е тој кој со незаконската Одлука за аболиција ја доведе државата на работ на граѓанска војна, внесе немир, хаос и револт кај граѓаните при што настанаа несогледливи и ненадоместливи последици по државата и соживотот на граѓаните во државата. Со донесената Одлука за групна аболиција тој се обиде да штити криминал, што е недозволиво за било кој а најмалку за човек кој ја извшува функцијата Претседател на држава.
Надлежниот суд, настанатата штета од намерно испровоцираните протести,наместо да ја побарува од учесниците во протестите, ФРОДЕМ бара истата да биде на товар на Иванов како главен иницијатор, мотиватор и инспиратор за целокупната нанесена материјална и нематеријална штета. Исто така ФРОДЕМ бара надлежните институции да поведат постапка за негова кривична одговорност за злоупотреба на службената положба и овластување предвидено и казниво по член 353 став 3 во врска со став 1 од Кривичниот Закон на Република Македонија.