ФРОДЕМ до Пендаровски: Поканете ги и помалите политички партии-се работи за нашата заедничка иднина”.

Сподели

 

 

Коалицијата ,,Никогаш северна, само Македонија по втор пат се обраќа до Вас со замолница на претстојната лидерска средба која имате намера да ја закажете деновиве, на истата да бидат повикани и претставници на останатите политички партии и асоцијации кои поднеле листи за кандидати за пратеници за учество на претстојните парламентарни избори и чии листи се потврдени од страна на ДИК.

Ова го бараме поради фактот што на средбата на која донесовте одлука за одложување на изборите беа повикани само лидерите на политичките партии кои досега имаа свои пратеници во Собранието на Република Македонија, а останатите беа игнорирани, иако Собранието тогаш беше распуштено. Бидејќи Вие и правните експерти на СДСМ и ДПМНЕ на една од претходните средби завземавте став дека Собранието е распуштено и нема право повторно да се состане, сметаме дека одржувањето на средба во ист таков формат како и досега, нема да има легитимитет и легалитет по ниту еден основ. Штом имате став дека Собранието е распуштено, тоа значи дека досега повикуваните лидери немаат свои претставници во Собранието и истите нема кого да претставуваат на средба кај Вас, а најмалку заедно со Вас да одлучуваат за оддредување на датум за одржување на парламентарните избори.

Затоа ФРОДЕМ – ,,Фронт за демократска Македонијаво име на Колицијата ,,Никогаш Северна, само Македонија инсистира од Вас на средбата да бидат поканети и лидерите односно претставници на сите политички партии и коалиции кои поднесоа листи со кандидати за претходно закажаните избори на 12 април 2020 година. Ова го бараме и поради фактот што лидерите на донедамна парламентарните политички партии го немаат екслузивното право во име на сите граѓаните на Република Македонија, ниту пак поголем кредибилитет за разлика од останатите политички париии во државата во оваа ситуација, повторно сами да одлучуваат за одржување на датум за парламентарни избори. Сега сите партии и коалции кои поднеле листи на кандидати имамат ист статус како и право рамноправно да го изнесат својот став по однос на одржувањето на претстојните избори како и по однос на другите прашања важни за иднината на државата.

Се надевам дека ќе имате доблест и нема да си дозволите повторно свесно да го прекршите Уставот и уставно загарантираните слободи и права, моралните норми и принципи и совесно и принципиелно ќе пристапите кон свикување на средба заради решавање на проблемот кој го создадовте со експертите и досега повикуваните политички лидери. Исто така сакаме повторно да ви потенцираме и да ви укажеме доколку повторно се одржи средба без претставници на партиите и коалициите кои имаат поднесено листи на кандидати за закажаните избори, истата би била нелегална и нелегитимна и за тоа ќе бидеме принудени да поведеме постапка пред надлежните институции во државата како и да ја известиме пошироката јавност, – се наведува во писмото на ФРОДЕМ – ФРОНТ ЗА ДЕМОКРАТСКА МАКЕДОНИЈА.