ФРОДЕМ го повикува техичкиот премиер Спасовски, целата влада како и Гувернерот на Народна Банка, г-ѓа Бежовска, да соберат храброст и да им наложат на банките наместо одложување на кредитите и пресметување камата за одложено плаќање да прогласат мораториум на сите видови кредити како и намалување на каматните стапки на кредитите кои се најголеми во светот. Исто така ФРОДЕМ ѝ предлага на Владата да прогласи и мораториум на каматите кои ги плаќаат банките на вложените средства на граѓаните во нивните банки. Со досега понудените мерки банкарите не го олеснуваат товарот и тешкотијата со која се соочуваме сите ние.
Без разлика што капиталот во банките во најголем дел е приватен, акционерите во банките, во оваа невидена здравствена и економска светска криза, не смеат да бидат алчни и желни за профит по секоја цена. Тие мора да бидат солидарни и човечни и да им помогнат на сите нивни клиенти полесно да ја надминат оваа криза.
Сега покажаната солидарност и човечност ќе знаат во иднина да ја ценат граѓаните на оваа наша држава – се наведува во соопштението на ФРОДЕМ.