Катица Ќулавкова

Сподели

Зарем немате чувство, драги мои читатели, пријатели, па и оние што не се многу наклонети на нашите литературни творби, дека нашава татковина навистина тоне кон бессознанијата што ни беа сервирани не само од групата наши сонародници кои се на власт, туку  и од сите оние набљудувачи што глумат и се прават дека нешто многу ја сакаат Македонија и и` го мислат најдоброто.Тонеме во амбисите на еден режим што не дозволи ниту во еден миг да заживее вистинската демократија, да се почуствува делувањето на еден солиден и чесен правен систем, да се врати онаа радост во сите граѓани што копнееја да се вее и македонското знаме и да се пее на македонски јазик секаде онаму каде што живеат нашите Македонци. Амбисот е преголем, бунар без дно, во кој ќе се најдеме наскоро сите што се обидуваме барем малку да делуваме, ако не за целосно освестување на сиот граѓански корпус, барем за оној што остана да живее овде сневајќи ја Македонија слободна од секој вид патронат, контрола и ропство.