Функционери на ДУИ на суд за предметот „Титаник 3“ – уништување на изборен материјал

Сподели

Во Кривичниот суд денеска треба да почне и судењето за предметот „Титаник 3“. Во овој случај СЈО ги обвини координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Аљими, и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

СЈО ги обвини дека уништиле изборен материјал. Предметот ќе го суди судијката од одделот за кривично полнолетни, Оља Ристова. Ова е прв предмет на тимот на Јанева во кој им се суди на функционери на ДУИ. СЈО за нив бараше и притвор, па тие се жалеа до Апелациониот суд, но наместо таа мерка, судот им ги одзеде пасошите.