Вести Македонија

Опремата во УБК како „црна кутија“ – Дали и големите антени зад Водно се дел од операцијата?

Сподели:

Податоците кои во петокот ги доби СЈО од експертот од „Ериксон“ како „логови“ забележани на опремата за прислушување во УБК,  доколку се совпаднат со датумите и времето кое обвинителките ги имаат добиено од т.н. „бомби“, тогаш СЈО ќе може да побара од судот да ги земе како релевантни докази.

21617932-cf42-4e85-b129-7be894a9d71c-4f3dfc1a-bc4f-467d-8b60-f511df970bab-prislushuvanje-telefoni-tajni-sluzbi-02-696x393

Според Мимоза Ристова, основач на Центарот за форензичка едукација при УКИМ начинот на кој само „Ериксон“ има пристап до податоците може да се спореди со „црните кутии“ во авионите кои може да бидат прочитани единствено од  производителот на авионот.

 -„Ериксон“ пресретнува само комуникации, навлегува во едно цицање на дел од сигналот кој што провајдерот дали е тоа „Телеком“, „Вип“, „Оне“ го обезбедува,  за да комуницираат, тегне дел од сигналот и го пушта накај у-бе-ка апаратурата за прислушување. 6.00 Кодот ќе каже кој се е вклучен а потоа може ќе покаже и колку пати разговарале и кога се вклучувале. Доколку се докаже дека тој интервал е еднаков на должината на траење на разговорите кои имавме можност да ги слушнеме во бомбите, обвинителството може да бара судот да ги признае како кредибилни“, изјави Ристова.

Инаку безбедносните експерти сугерираат дека и сателитските чинии кои се наоѓаат на неколку места низ Македонија се користат за прислушување на разговори.

Сателитските чинии кои се наоѓаат во близина на браната Козјак се обезбедени со ограда и со сигурносни камери како и налепница од фирмата за обезбедување на имот – „СГС“. Иако се обидовме да прашаме во чија сопственост се никој не се јави на домофонот кој е поставен пред деловната зграда.

Според Катастарот на Македонија, сателитските чинии се наоѓаат на пасиште, на имот во општина Јаболци со број на парцела 37/2, додека деловната зграда се наоѓа во средината на имотот. На интерент-мапите од Катастарот нема податоци за сопственикот на овој имот.

извор: Тв21

Сподели: