ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Во републикава денеска утринската температура ќе се движи од 3 до 7 степени, а дневната температура од 7 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде облачно и релативно топло со умерен јужен ветер.

Утринската температура ќе достигне до 5 степени, а дневната темепратура до 18 степени.

Во сабота во текот на денот ќе дува засилен повремено силен јужен ветер што ќе предизвика значително повисоки дневни температури. Од сабота попладне и во недела ќе има врнежи од дожд кои на повеќе места ќе бидат поројни и проследени со грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни. Врнежи со променлив интензитет ќе има и во наредните денови, а на повисоките планини врнежите ќе бидат од снег. Температурите ќе бидат во опаѓање