Галерија АКАНТУС: “10 YEARS INTO” – Изложба и шоурум

Сподели

 

Галерија АКАНТУС, 10 YEARS INTO – Изложба и шоурум

Македонската модна етикета Лудус го прославува 10 годишниот јубилеј од основањето со изложба и шоурум насловен како “10 years into” што ќе се отвори на 2. октомври во 20 часот во галеријата Акантус во Скопје.

Приказната на Лудус започна во 2006-та година со отворањето на препознатливата концептуална продавница во Скопје. Веќе во јуни 2010-та година беше лансирана истоимената модна линија и по сите овие години името Лудус сега веќе резонира како оригинален моден бренд со минималистички израз и редуктивен дизајн.

Линијата започна како мала женска колекција наменета за клиентите на продавницатa, но подоцна се разви во успешен бренд за безродова мода, унисекс парчиња што се изработени исклучиво од стопроцентни материјали. Лудус е еден од малкуте брендови што веќе подолго време прави пробив на интернационалниот пазар, а особено е присутен во Словенија и Австрија преку учествата на модната недела во Љубљана и повеќе саеми и фестивали во Виена и Грац каде е добитник на наградите Big SEE Fashion Design Award 2018 и наградата NJAL+ на фестивлот Асембли во Грац. Од неодамна селекција од последната колекција се продава и на лондонската авангардна интернет продавница Unconventional.

Со огромно задоволство Лудус ја најавува соработката со кураторкатa Јованка Попова со чија помош изложбениот простор ќе биде конципиран во три дела.

Покрај претставувањето на последните колекции за актуелната и следната сезона ќе биде поставена мала ретроспектива од фотографии и видеа од изминатата работа на брендот. Новитет како содржина ќе биде мини колекцијата специјано изработена за овој настан со наслов Permanent Black II. Како и минатата, издадена за 5 годишниот роденден на Лудус и оваа ќе се состои од најпопуларните производи на брендот во минатите 5 години изработени во црна боја. Оваа колекција ќе може постојано да се најде на веб продавницата на Лудус