Гаши: Честит Божиќ на сите католички верници во државата

Сподели:

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши упати честитка по повод Божиќ на припадниците на католичката вероисповед.

“По повод Божиќ, во името на Собранието на Република Северна Македонија и во мое лично име, упатувам искрени честитки до сите католички верници во државата.

Божиќните празници носат пораки на мир, солидарност, човечност и меѓусебно почитување , вредности кои се темел на секое демократско и мултиетничко општество. Токму преку заемно разбирање, почитување на различностите и заедничка посветеност кон општото добро, ја градиме стабилноста и иднината на нашата држава.

Ви посакувам празничните денови да ги поминете во добро здравје, семејна топлина и спокој, со надеж и оптимизам за годината што претстои.

Среќен Божиќ!” – Африм Гаши.

Сподели: