ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА-МАКЕДОНИЈА: Облачно со врнежи од дожд и снег

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде облачно и уште од ноќта со врнежи од снег на планините и на повисоките места. Преку денот на југоистокот врнежите ќе бидат од дожд, а на пониските места во останатите делови од земјата тие повремено ќе преминуваат од дожд во снег особено во ноќните и утринските часови. Пообилни врнежи ќе има во западните и северните делови и ќе дува умерен до краткотрајно засилен северен ветер во Повардарието.

Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 3 до 9 степени.

 

 

Во наредните денови се очекува на пониските места со повремен дожд кој ќе преминува во снег. До петок ќе се задржи студено, а утринските температури ќе се најниски во среда и четврток.