Гаши: Просветителите со својата мисија ги поставија темелите на писменоста на словенските народи

Сподели:

По повод 24 мај – Денот на Светите Кирил и Методиј, Претседателот на Собранието Африм Гаши го честиташе Денот на Св.Кирил и Методиј.

“Изразувам почит и благодарност кон двајцата просветители, кои со својата мисија ги поставија темелите на писменоста, образованието и духовниот и културниот развој на словенските народи.   Наследството на Светите Кирил и Методиј останува трајна инспирација за зачувување на универзалните вредности на знаењето, дијалогот и почитувањето меѓу народите.

На овој значаен ден, ја потврдуваме нашата посветеност кон образованието, културата и соработката, како вредности што градат демократски и напредни општества.

Оваа година, Денот на Светите Кирил и Методиј го одбележуваме во Ватикан, каде што ја предводам државната делегација на Република Северна Македонија на традиционалниот настан во чест на Свети Кирил.”

Сподели: