Вести Македонија

Генералка во Скопје: Се чистат спомениците во Жена-парк

13664765_10207068368203965_491505227_n

Од утринава се чистат спомениците во центарот на Скопје, обоени од протестите на „Шарена револуција“. Работници ги средуваа спомениците на АСНОМ и на Прометеј во паркот Жена-борец, а се чистеше и Собранието на Република Македонија.

Генералката низ централното градско подрачје најверојатно е поради претстојниот празник 2 Август – Илинден, кога пред споменикот на АСНОМ во Жена-парк се положуваат цвеќиња.

13872324_10207068367883957_2073678118_n

Инаку, спомениците низ центарот на градот, како и институциите во ова подрачје беа обени при повеќемесечните протести, кои почнаа кога претседателот на државата, Ѓорге Иванов, прогласи амнестија за повеќе лица, меѓу кои и осомничени за криминал од Специјалното јавно обвинителство.

meta.mk

Сподели: