Алтернатива Скопје Чита

СИЛА – Јосип КОЦЕВ

Сподели:

12187792_1611023662493453_4507339959619113865_n-1-1

Боли!
Мојата сила е во зборовите.
Затоа молчам.
Мојот дом е меѓу ѕвездите.
Затоа немам тапија.
Раскопчај ме!
Под тој оклоп од 100% памук,
ќе најдеш годишни времиња.
Под тие градски манири,
ќе најдеш циганска душа
што копнее да биде убиена од
плачот на кларинет.
Слушај!
Слушај го силното ехо
што одекнува
додека ти го кажувам ова,
зашто меѓу нас
остана само празен простор,
само пустина,
едно пространо ништо.

Сподели: