Алтернатива Настани

СКОПСКО ЛЕТО: ИЗЛОЖБА „UNIVERSE INTEGRITY ALLUSION“

Сподели:

изложба-во-киц

Во Културно-информативниот центар во Скопје вечер ќе биде отворена изложба „Universe Integrity Allusion“ на уметниците Шќипе Мехмети, Дита Старова и Зарије Амдиу.

Мехмети и Старова дипломирале на Факултетот за ликовни уметности во Скопје (сликарство и графички дизајн), а Зарије Амдиу на Факултетот за ликовни уметности во Тетово, насока фреска.

Имале самостојни претставувања и учествувале на голем број групни изложби во Македонија и во странство, и се добитнички на повеќе домашни и меѓународни награди и признанија.

Сподели: