Генералниот секретар на ОН Гутереш во Москва, бара прекин на огнот

Сподели

 

Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска, како што е најавено, ќе ја посети Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, со надеж дека ќе разговара за тоа што може да се направи за да се постигне мир во Украина, пренесува РСЕ.

Тој вчера престојуваше во Анкара каде што беше примен од претседателот Реџеп Таип Ердоган. Шефот за хуманитарна помош на ОН Мартин Грифитс претходно изјави дека Турција е достоен домаќин на хуманитарните разговори меѓу Украина и Русија.

Според најавите, Гутереш в четврток во Киев треба да разговара со украинскиот претседател Володимир Зеленски и со министерот за надворешни работи Дмитриј Кулеба. Зеленски во неделата ја критикуваше одлуката на Гутереш да оди во Москва пред да го посети Киев, велејќи дека „нема правда и логика во овој редослед“.

„Војната е во Украина, нема тела на улиците на Москва. Би било логично прво да се дојде во Украина, да се видат последиците од окупацијата“, рече Зеленски.