Георгиевски: Бугарскиот ултиматум e укинување на Договорот за добрососедство

Сподели

 

Поранешниот премиер Љубчо Георгиевски денеска на својот Фејсбук профил ги коментираше условите кои ги постави Бугарија за поддршка на Македонија за добивање датум за почеток на пристапните преговори со Европската унија.

„Најновиот ултиматум од Бугарската влада го доживувам како суспендирање на Декларацијата за пријателство од 1999 година и Договорот за добрососедство од 2017 година“, напиша Георгиевски.