Вести Изјави Македонија Ударни вести

Заев: Времената суспензија на Ременски е можност за докажување на невиност

 

“Во праксата демократските партии водени од потребата сите да бидат еднакви пред Законот, а истовремено верувајќи во презумпцијата на невиност се поставуваме вистински, демократски, како што заслужуваат граѓаните за кои постоиме како партија и како политичари, а тоа е донесување времена суспензија додека некој ја докажува својата невиност. Фросина Ременски е член на Централниот одбор и на Извршниот одбор на СДСМ и од тој аспект суспензијата и дава можност да не ја користи својата партиска и политичка моќ при докажувањето на својата невиност”, изјави денеска премиерот Зоран Заев.

“Верувам во нејзината невиност, верувам во презумцијата на невиност, но сум јасен, тоа треба низ судски процеси секако да се докаже, односно сомневањето кон неа како и кон сите други треба Обвинителството да ги докаже, затоа што така е поставен нашиот систем.”

-” Верувам дека и Фросина тоа ќе го докаже, тогаш вратите се повторно широко отворени да се врати во органите и телата на СДСМ”, изјави Заев.

Сподели: