Вести Изјави Македонија

Герасимовски: Граѓаните да пријавуваат штети од невреме на бројот 112

Сподели:

 

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, веднаш по невремето што го зафати Скопје викендов, излезе на терен и заедно со припадниците на МВР изврши увид на неколку локации во Општина Центар каде граѓаните имаа пријавено штети.

Паднат е лим од покрив на улица „Црвена Вода“, кој оштетил неколку возила кои биле паркирани во непосредна близина на зградата, а пристигнати се и неколку пријави за паднати дрва на повеќе локации во општината.

 

 

„ Од понеделник ќе формираме посебен тим од општината кој ќе излегува на терен по временски непогоди и ќе врши увид во состојбата. Жителите на Центар сите поголеми штети од невремето можат да ги пријавуваат на бројот за итни случаи 112, од каде ќе бидат проследени до општинскиот штаб за управување со кризи“, изјави градоначалникот Герасимовски.

Сподели: