Вести Свет

Германија: Полицијата употреби водени топови на протестите против Г-20

Сподели:

Германската полиција употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите во Хамбург, откако некои од нив ја нападнаа полицијата за време на протестите против Самитот Г-20, јавува Anadolu Agency (AA).

Полицијата соопшти дека вчеравечер, во неколку наврати е побарано од групата екстремни противници на капитализмот да ги тргнат маските од лицата, но обидот помина без успех. Потоа полицијата одлучи да ја одвои групата од неколкуте илјади други демонстранти.

Но, демонстрантите со црни качулки на главите нападнаа полициски автомобил, удирајќи го со шишиња и тули, кршејќи го стаклото.

Насилството избувна пред почетокот на демонстрациите на пазарот, на брегот од реката кој се користи за неделна продажба на риба.

Се очекуваат повеќе од 100.000 демонстранти во Хамбург, каде што денес и утре ќе се одржи самитот Г20.

Сподели: