Здружението за литература и култура “МАЦКОВО” од Охрид, и годинава, по осми пат, во терминот од 21 до 23 август, ја организира единствената, од таков карактер манифестација кај нас, Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” – 2026.
Свечено отворање, по традиција, е закажано за утре, 21 август во 11 часот, во ЦОУ “Ванчо Николески” во населбата Лескоец, крај Охрид, единствената установа во Македонија која го носи името на бардот на литературното создавање за деца и млади кај нас.
На учесниците, млади литературни надежи од Македонија, Албанија, Србија и Бугарија, ќе им се обратат претставници на училиштето и организаторот – Здружение МАЦКОВО, по што ќе следи кратка културно – уметничка програма во изведба на учениците.
Првиот поетски настап е резервиран за учесниците – добитниците со освоени први награди на литерарни конкурси во Македонија.
Организаторите предвиделе и полагање цвеќе, оддавање пиетет, пред вечното почивалиште на Ванчо Николески, во Алејата на заслужните, при “Градските гробишта” во Охрид.
Напладне, прем за учесниците во општина Охрид , ќе приреди професор Перчо Божиноски, претседател на Совет на општина Охрид;
Вториот работен ден, 22. Август, сабота, исто така, исполнет е со низа содржини: Прием и запознавање со дејноста на НУ – Библиотека “Григор Прличев”, една од најстарите и со најбогат книжевен фонд во Македонија и пошироко.
Предавање за животот и делото на “таткото на глобализацијата”, Михаило Пупин, ќе одржи најголемиот проучувач на овие простори, професор д-р Павле Митрески, со нагласок на македонските, односно вевчанските корени на Пупин и неговата донаторска дејност во материјални добра (најголемата камбана на Балканот за црквата Свет Богородица Перивлепта), стипендирање на ученици од Охрид и слично.
Вечерта, учесниците ќе имаат можност да ги разгледааат најзначајните споменици на македонската историја, култура и писменост во старото градски јадро, додека во КИЦ “А.ден Долард” ќе проследат предавање за најплодниот холандски автор, меѓу другото и на култниот роман “Свадба во Охрид”, воедно и еден од првите промотори на Охрид во светот, во минатиот век.
Третиот и последен ден, 23 август, манифестацијата се сели на теренот на општина Дебрца, одосно родното село на Николески, Црвена Вода.
Во Белчишта, седиштето на општината, прием за учесниците приредува градоначалникот на општина Дебрца, Златко Сиљаноски.
Следи разгледување на експонатите од Галеријаta “Ѓорѓија Целески” со над 700 дела на учесници на Ликовната колонија “Дебрца”, најстара и со најголема збирка во Македонија;
Останатиот дел одденот, во село Црвена Вода, учесниците, ќе ги добијагт сертификатите за учество на, осмиот по ред, Балкански поетски камп за деца и млади “ Ванчо Николески” – 2026, пред родната куќа на еминентниот поет и писател од првата повоена генерација во Македонија, кој во времето на југословенската федерација, беше обврзна литература за сите ученици, од Триглав до Гевгелија.
Исто така, ќе ја разгледаат и “Спомен собата” на писателот, како и поставката за НОВ и антифашистичка револуција, односно Спомен собата на Главниот штаб на НОВ и ПОМ од Втората светска војна.
Мештаните на ова историско село, каде се зачнати сите белези на македонската држава и државност, ќе им приредат ручек – селска македонска трпеза.
Претседателката на Република Македонија, професор д-р Гордана Сиљаноска Давкова, испрати специјално Послание до учесниците, додека, во името на покровителот – Светската акасдемија на поезијата при УНЕСКО, со седиште во Верона, Послание упати познатиот поет од Белград и голем пријател на Макњедонија, Мајо Даниловиќ, претседател на Одделот при Академијата за целиот словенски свет.
Манифестацијата се одржува со финансиска поддршка на општина Охрид и општина Дебрца.
Веле Митаноски


