Репрезентацијата на Германија се пласираше во полуфиналето на Европското првенство во фудбал откако синоќа по изведувањето на пенали ја победи Италија.

За време на двете полувремиња и двете репрезентации постигнаа по еден гол, а по продолжението резултатот остана ист.

Полуфиналето во Европското првенство во фудбал ќе се одржи на 7 јули во Марсеј. Со Германија ќе игра подобриот од вечерашното четвртфинале меѓу Франција и Исланд.