Спорт

Денес на ЕУРО 2016: Франција претпазлива, Исланд се надева на нова сензација

Сподели:

Франција во осмина финалето ја предупреди Република Ирска, која долго време водеше со 1:0 и се спротиставуваше на нападите на домашната селекција

thumbs_b_c_160fb6adbb1669b86982cedc2994a412

Во последниот четвртфинален дуел на Европското фудбалско првенство, вечерва ќе се сретнат Франција, и по Велс, со најпријатното изненадување на натпреварувањето, Исланд. Се разбира, Французите се апсолутни фаворити, но се многу претпазливи во пресрет на средбата со Исланд, кој пак се надева на нова сензација, јавува Anadolu Agency (AA).

Франција во осминафиналето ја предупреди Република Ирска, која долго време водеше со 1:0 и се спротиставуваше на нападите на домашната селекција. Сепак, на крајот во режија на Антон Гризман со двата гола донесе победа со резултат од 2:1.

Од друга страна Исланд со победата над Англија, исто така, со 2:1 го дочекува четвртфиналето во кое нема што да изгуби. Исланѓаните досега со голема борбеност ги надокнадуваа сите свои недостатоци и веројатно така ќе се обидат да се спротистават на домаќинот на првенството.

Четвртфиналето на ЕУРО 2016 помеѓу Франција и Исланд, ќе се одигра во 21 часот.

Сподели: