Германија: Уапсен Тунижанец поради планирање напад и регрутирање во ДЕАШ

Сподели

Германските власти извршија упад на десетици локации во западниот дел од земјата и уапсија државјанин на Тунис за кој постои сомнение дека регрутирал лица во ДЕАШ и ги наговарал поддржувачите да извршат напад во Германија, јавува Anadolu Agency (AA).

Обвинителството на Франкфурт соопшти дека денес се претресени 54 објекти: станови, деловни простории и џамии во регионот. Се наведува дека истрагата била насочена кон 16 лица на возраст од 16 до 46 години.

Главниот осомничен, 36-годишниот Тунижанец, е уапсен во Франкфурт. За него се верува дека има воспоставено регрутен центар и дека шверцувал за ДЕАШ од август 2015 година.

Обвинителите велат дека плановите за извршување на нападот биле во рана фаза и без конкретно одредена мета.