Вести Македонија Топ теми Ударни вести

Германската влада даде согласност за прием на Македонија во НАТО

Сподели:

Приклучувањето на Македонија во НАТО е „важно за безбедноста во евроатлантскиот простор“, се вели во соопштението на германската влада и се додава дека е тоа „важен импулс за натамошна стабилизација на Западниот Балкан“ – пренесува Дојче веле.

„Свртниците за приклучување на Република Северна Македонија во НАТО се поставени. Во февруари 2019 година земјите членки би требало да го потпишат Протоколот за приклучување“, соопштува владата во Берлин и додава дека ќе се залага тој процес да се одвива брзо за „уште истиот месец да може да следи формалното приклучување“.

Во соопштението се образлага дека надворешнополитички „Северна Македонија игра конструктивна улога на Западниот Балкан“, што особено станало видливо „преку подготвеноста да се даде согласност за промена на името од ‘Македонија’ во ‘Северна Македонија’, што беше договорено со Грција во јуни 2018 година“.

Сподели: