ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

МАКЕДОНИЈА – Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на повисоките места од дожд и снег, а на планините само од снег. Врнежите ќе бидат со слаб до умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб, во западните делови умерен ветер од западен правец.

Температурата ќе се движи од -3 до 9 степени, во Скопје од 0 до 4 степени. 

Утре ќе биде сончево со умерена облачност, по котлините магливо, ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

За време на викендот се очекува стабилно време со пораст на температурите, особено на повисоките места и на планините што ќе предизвика топење на снежната покривка. По котлините ќе има услови за појава на магла и ниска облачност.