Гир: Изјавата на Џамбаски за Пендаровски е неприфатлива

Сподели

 

Евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир ја осуди вчерашната изјава на европратеникот Ангел Џамбаски.

“Она што го прави, што го зборува и заканите што ги  упатува Ангел Џамбаски не се позиции ниту пак вредности за кои се залага Европската унија. Изјавите на Џамбаски кон претседателот Стево Пендаровски, може да се третираат како закана”, изјави евроамбасадорот Гир.

И Европскиот парламент и бугарското МНР се оградија од овие изјави. Неприфатливо е јавна личност да дава вакви забелешки за било кој, а камоли за демократски избран шеф на држава на суверена држава“, порачаа од делегацијата на ЕУ.