Вести Став

Грчева: Ако Палески има кривична одговорност ние не застануваме во негова одбрана

 

Партијата “Глас за Македонија“ најжестоко се бори против секое криминално дејство и однесување во целото општество и во тој контекст, нема да биде поштеден ниту еден нејзин симпатизер, член или функционер. На таквиот не му е местото во нашите редови. За притворањето на г-нот Љупчо Палески на аеродромот во Белград каде бил по своја приватна работа, партијата дозна од медиумите. Од неговиот адвокат добивме ги добивме следните информации:

На ден 12.09.2019г. Љупчо Палевски бил приведен на аеродром Никола Тесла во Белград согласно потерница од суд во Хрватска заради обезбедување на присуство на Палевски пред суд во Хрватска, наводно за постапка поведена од физичко лица за износ од 2.500,оо евра во врска со испорака на произведен котел на пелети. Тој требало да се појави како странка, за која не е докажана вина. Според неговите сознанија, Љупчо Палевски на ден 12.09.2019г. патувал преку Белград за Москва заради склучување на Договор за испорака на котли на пелети, со што се занимава трговското друштво на Љупчо Палевски. Се очекува деновиве да се расчисти ова недоразбирање и Палевски да биде ослободен.,
Со други информации не располагаме.

Глас за Македонија ќе ја чека правната разврска за да постапи соодветно на нејзините цврсто зацртани цели. Пресумпцијата на невиност е клучен принцип во правото. Доколку се докаже дека кај Господинот Љупчо Палевски постои кривична одговорност, ние како политичка партија во никој случај нема да застанеме во негова одбрана, што е голема разлика во однос на политичкото делување на некои други политички партии во Република Македонија – стои во соопштението на Глас за Македонија, по апсењето на Љ. Палески.

Соработката со движењето “Трета“, како и со многу други граѓански движења продолжува. Доколку имаме натамошни сознанија, јавноста ќе биде информирана.

Сподели: