Вести Македонија Топ теми Ударни вести

“Гласен текстилец” и Филимена извојуваа победа “ПРАВДАТА Е ЗАДОВОЛЕНА!”

Сподели:

 

ПРАВДАТА Е ЗАДОВОЛЕНА! 
 
Филимена Бошковска Мишевска заедно со Гласен Текстилец извојуваа победа и се исправени недостатоците и направените прекршувања од страна на работодавачот ЛДИ Димотранс Македонија – Дооел Скопје.
 
 
“По увидот од доставените списи од страна на Државниот Трудов инспекторат, тој ја задолжил Агенцијата за вработување да направи исправка во М1/М2 образецот и да се промени основот на отказ. Односно со истек на определено време е известен и Фондот за Здраствено Осигурување за неправилностите во одјавата од страна на работодавачот, за што Филимена треба да го продолжи своето породилно отсуство и да не врати ниту денар во Фондот за здраство како што беше наложено во решението на ФЗО.
 
Соработката меѓу Гласен Текстилец и ДИТ продолжува и се надеваме дека останатите институции како што е АВРМ и ФЗО ќе бидат претпазливии, ќе ги заштитат работниците и работничките од одредени работодавачи.
 
Воедно случајот со Филимена е еден од многуте каде се укажува на потребата од заштитата на бремените жени и жените на породилно отсуство од страна на Државата.
 
Затоа е потребно ново законско решение кое ќе ги заштити бремените жени што се на договор на определено работно време”, изјавија од Здружението Гласен текстилец.
Сподели: