ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА – МАКЕДОНИЈА

Сподели

 

МАКЕДОНИЈА – Денеска ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност која ќе се зголемува во текот на денот. Ќе дува слаб до умерен ветер кој вдолж Повардарието ќе биде со југоисточен правец. Преку ноќта кон вторник, претежно во планинските подрачја ќе има услови за краткотраен дожд.

Температурата ќе се движи од 6 до 33 степени.

 

 

Од вторник ќе преовладува претежно облачно со врнежи и нешто повисоки утрински температури, а дневните температури значително ќе опаднат. 

Минималните температури во вторник ќе се движат од 7 до 16 степени, а дневните до 25 степени. Во текот на следните денови температурата ќе опаѓа и ќе достигне до 21 степени.